На македонската карате репрезентативка Моника Стефановска и тргна годината како што треба, таа е добитник на автомобил „цитроен Ц3 еркрос“ во наградната игра на Рамстор и Сити мол „Пазари, греби и добиј“.
Извлекувањето на среќните добитници се случи денеска во Сити мол. Моника е возбудена од добивката, а нејзината сестра Наташа Стефановска вели:
„Моника приложи само една фискална сметка и гребката што ја доби беше недобитна, но имала к’смет, ја извлекоа нејзината гребка за главната награда – автомобил „цитроен Ц3 еркрос““.
Од друга страна, Наташа во играта учествувала со четири гребки.
Се надеваме дека оваа година ќе биде целосно среќна за Моника и ќе не израдува со медали од Европското, Светското и Карате 1 – Серија А лигата.
https://www.facebook.com/ramstoremall/videos/1661102187279155/
Ipon.mk/В.Д.