МОК верува во успех на Нуров на Олимпијадата во Токио (ВИДЕО)

Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски, му го честиташе бронзениот медал на Магомедгаджи Нуров и на неговиот личен тренер Могамед Ибрагимов, освоен на Светското првенство во борење.

Претседателот Тупурковски посебно им се заблагодари на Могамед Ибрагимов (освојувач на бронзениот медал од Олимписките игри во Сиднеј-2000 година) и поранешниот претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, г-дин Чедо Николовски кои заедно со Македонскиот олимписки комитет уште во 2015 година направија стратегија во која една од целите беше натурализација на Нуров, Егоров и Аскарбиев за да освојат олимписка норма за ОИ Рио 2016 и ОИ Токио 2020.

Тој потенцира дека, сега кога целта е остварена, Македонскиот олимписки комитет, во соработка со сите засегнати институции во државата треба да направат се за да обезбедат најдобри можни услови за што подобро да го подготвиме нашиот олимпијец за што поуспешно учество на ОИ Токио 2020. Нуров се заблагодари на довербата и помошта која ја добиваше од МОК во овој период и верува дека во периодот кој следи одлично ќе се подготви и дека ќе постигне висок спортски резултат на ОИ ТОКИО 2020. Неговиот личен тренер Ибрагимов, се заблагодари на МОК за целата досегашна поддршка и верува дека тој и Нуров ќе направат се за што подобро да ја претстават нашата држава на ОИ Токио 2020.

До претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски, денес стигна и известување од генералниот секретар на Меѓународната боречка федерација (Обединето светско борење-UWW), Мишел Дусон, со кој го информира претседателот на МОК за постигнатиот резултат и освоената олимписка норма на Магомедгаджи Нуров со забелешка дека МОК треба да го потврди неговото учество на Олимписките игри Токио 2020 најдоцна до 9 Октомври 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON