Испил три апчиња „Виагра“ пред кобниот меч бугарскиот боксер

Починатиот бугарски боксер Боби Станчов испил три таблети „Виагра“ пред кобниот боксерс меч со Ардит Мурша во Албанија. Станчов, 21 година, почина од срцев удар на самиот ринг, а во Бугарија деновиве топ-тема е неговата смрт.

21-годишникот падна во рингот во саботата навечер без никаков удар. Првичните проценки беа дека станува збор за срцев удар, а трагедијата да се претвори и во скандал, се потрудија последните информации од новинарите, дека починатиот боксер користел туѓо име за да учествува на дуелот.

„Полицијата пронајде светло-сини апчиња во неговата торба и ги испрати на анализа“, објасни супервизорот на турнирот.

Овие сини апчиња со буквата „В“ во средина не се користат како допинг во спортот. Лекот ги проширува крвните садови и го зголемува протокот на крвта. Останува дополнителните анализи да покажат која е вистинската причина за смртта на младиот боксер.

Од друга страна, медиумите во Бугарија пишуваат дека имал и фалсификат лекарско уврение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО