Останато

МОК се солидаризира со Французите!

M

Претседателот на МОК, Томас Бах ја изрази својата солидарност со францускиот народ по „варварските“ напади врз сатиричниот весник, при што загинаа 12 лица.

Бах, во писмото до претседателот на Франција, Франсоа Оланд, изрази „шокираност и жалење“ поради нападот врз редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“.

„Таквите варварски испади се напад врз вредностите на сите цивилизирани луѓе, без оглед на земјата, религија или моралниот кодекс. Ова беше шокантен напад не само на француските, туку на вредностите зад кои стоиме сите и на коишто е изградено олимпиското движење “, рече претседателот на Меѓународната олимписки комитет.

 

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON