МОК повторно ја става олимписката иднина на боксот под прашалник

Аматерскиот бокс е еден од трите спортови чија олимписка иднина повторно е загрозена од страна на Меѓународниот олимписки комитет.

Претседателот на МОК Томас Бах вели дека постои реална опасност боксот, кревањето тегови и модерниот петобој да не бидат меѓу спортовите на Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес.

Иднината на „слатката наука“ меѓу Олимписките игри беше предмет на дискусија во последните неколку години. Причина беше корупцискиот скандал со судиите, кои беа обвинети дека манипулирале со средбите на Игрите во Рио во 2016 година.

Во последниве години, АИБА го смени својот претседател и вети големи реформи во спортот, а новиот претседател Умар Кремљев вети дека ќе го обели името на спортот и ќе работи напорно за решавање на финансиските проблеми на меѓународната асоцијација.

„АИБА мора да демонстрира дека успешно се бори со справувањето со напластените проблеми во спортот, финансиската транспарентност и јасност, а што е најважно, чесноста меѓу судиите“, рече Томас Бах во официјалната изјава.

Тој исто така рече дека спортовите како што се скејтбордингот, сурфањето и спортското качување имаат големи шанси да бидат полноправни олимписки дисциплини за Лос Анџелес ’28 поради нивните „длабоки корени“ во Лос Анџелес и Калифорнија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО