МОК го одбележа меѓународниот ден на спортот – 6 Април

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во партнерство со општините и основните и средните училишта од општините Карпош, Чаир, Прилеп и градот Скопје, оваа недела, заеднички ја одбележуваат манифестацијата „6 Април-Меѓународниот ден на спортот за развој и мир“.

Преку проектот на МОК, Мали Oлимписки игри и преку акцијата која е посветена на промоцијата на Олимпизмот и спортот, образованието, здравиот начин на живот, развојот и мирот во светот, голем број на граѓани, млади спортисти и ученици учествуваа во славењето на овој глобален настан, искажувајќи ја својата посветеност и поддршка, но и порака за важноста на развојот на спортот и Олимпиското движење во Република Македонија.

Македонскиот олимписки комитет на СУГС „Георги Димитров“, ООУ „Аврам Писевски“ – Бардовци од Општина Карпош и ООУ „7 Март“ од Општина Чаир, како и на учесниците на манифестацијата во градот Прилеп и подари спортска опрема, книги и други реквизити за потребите на училиштата.

На настанот кој се одржуваше во училишниот двор и спортските терени на училиштата, присуствуваа голем број на спортисти и спортски работници, наставници по физичко воспитание и образование, претставници од Македонскиот олимписки комитет, како и градоначалниците на Општина Карпош, Стефан Богоев, на Општина Чаир, Висар Ганиу, а за утрешната манифестација ќе биде присутен и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО