MOK – домаќин на 38-та сесија на Европскиот олимписки комитет во 2017

Cile prima nagrada od IOk vo Skopje

Македонскиот олимписки комитет ја доби честа и довербата да биде организатор на 38-та сесија на Европските олимписки комитети (ЕОК).

MOK sednica na EOK

Ова беше одлучено на 37-та сесија на ЕОК, која се одржа во Тарагона, Шпанија, на која учествуваа Генералниот секретар на МОК, д-р Сашо Поповски и спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.
На оваа сесија учествуваат преку 200 претставници од Европските олимписки комитети, од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Асоцијацијата на Националните олимписки комитети, од Светската анти-допинг агенција (WADA), Судот за спортска арбитража (CAS), претседатели на Меѓународните и Европскитe спортски федерации, Организационите комитети на Олимписките игри Рио 2016, Пјонг Чанг 2018, Токио 2020, на Европските игри 2019, Медитеранските игри Тарагона 2017, Европскиот младински олимписки фестивал Ерзурум 2017 (зимски – Турција) и Ѓер 2017 (летен – Унгарија), Сараево 2019 (зимски) и Mинск (летен – Белорусија).

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON