Могамедгаџи Нуров ќе се бори за бронзен медал на Европските игри

Могамедгаџи Нуров (97 кг) ќе се бори за бронзениот медал на Европските игри во Минск, Белорусија, откако во репасажот го совлада Сабо Михали од Унгарија со 11-0, односно технички туш.

Вечерва за бронзата ќе се сретне со Белорусинот Алекасандар Хуштин во 19:30 часот, според белоруско време, односно 18:30 по македонско.  

Нуров во првото коло го победи Литванецот Лукас Караускас со 10-0 (технички туш), а во второто коло налета на рускиот борач, олимпискиот, светскиот и европскиот првак, Абдулрашид Садулаев и загуби со 6-0.

Сепак, Садулаев му овзможи борба во репасажот по победат во полуфиналето против Хуштин Александар (Белорусија).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО