Викендов ќе бидеме сведоци на последната борба во легендарната кариера на Федор Емелијаненко.
„Последниот император“ ќе ги одмери силите со опасен противник во лицето на Рајан Бадер. „Дарт“ ја става на линија титулата во тешка категорија. Нивната борба ќе биде насловна на настанот Белатор 290 во Калифорнија.
46-годишниот Русин има шанса да се повлече како светски шампион. Сепак, тој мора да го помине Бадер, што не е лесна задача. Федор забележа скор 40-6-1 во ММА и е во серија од 2 меча со нокаут.
Претседателот на Белатор, Скот Кокер, откри дека многу ММА легенди ќе присуствуваат на борбата. Сите ќе бидат таму за да оддадат почест на легендарната кариера на Федор.
Џош Барнет, Ренди Кутур, Марк Колман, Ројс и Ренцо Грејси, Дан Хендерсон, Чак Лидел и Мет Хјуз ќе бидат меѓу борците во чест на легендарниот борец.
Scott Coker tells @arielhelwani on The MMA Hour that the following MMA Legends will honour the career of Fedor Emelianenko after his fight with Ryan Bader at @BellatorMMA 290 on Saturday night #Bellator290 #TheMMAHour pic.twitter.com/YBoGUvmGad
— Jason Hagholm (@JHagholm1) February 1, 2023