Многу медали и пехари на „Корча опен“ за таеквондистите на МТТФ

Натпреварувачите од повеќе клубови на МТТФ изминатиот викенд (9.11 2024 г.) освоија повеќе медали и пехари на ревијалниот таеквон-до ИТФ турнир „Корча опен“ во Албанија.

Освојувачи на пехари се ТК Хва ранг ИТФ – Анастасија Чулческа, Теодора Тодороска, Климент Богоески, Миа Танеска, Давид Ристески

ТК Чонџи – Михаил Крстаноски, Јохан Парулески

ТК Ахилиус – Божидар Димитриевиќ

ТК Мастер -Теодора Митреска  и Филип Митрески

„Можеме слободно да се гордееме на нашите натпреварувачи, иако исцрпени од претходни натпреварувања и училишни обврски, сепак докажаа дека вреди да се вложува во нив. Повотрно го дадоја својот максимум и не израдуваа со долични успеси. Натпреварот беше ревијален, но отидовме да ги провериме нашите натпреварувачи во каква форма се, бидејќи ни претсојат двата најтешки натпревари за оваа година, од 30.11 -02.12 2024 ќе се одржи Европскиот куп во Софија, Бугарија, а од 16.12 2024 во Солун, Грција, ќе се одржи Меѓународниот таеквон-до ИТФ А класа натпревар, јубилејно 10 издание на Кинг оф теквон-до. Ова е најголем и најсилен натпревар во светот, на кој редовно учество земаат многу репрезентации, а една од нив е и репрезентацијата на Аргентина“,изјавува претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО