ММА тренер повреден во престрелка во Санкт Петербург (ВИДЕО)

ММА тренерот Руслан Булгучев е еден од повредените во престрелката во Санкт Петербург на 8 август. Според руските медиуми, околу 30 мажи биле вклучени во физичка пресметка која прераснала во престрелка на улицата Екатеринскаја во предградието на Санкт Петербург.

По пукотниците, Булгучев бил пронајден ранет на земја. Погледнете ја снимката од ситуацијата овде.

Булгучев бил примен во болница со четири рани во градниот кош и бутот, но, според руските медиуми, тој бил отпуштен неколку часа подоцна.

„Јас сум добро. Да, боли, но добро сум. Сега сум дури и на пат за на работа. Не знам зошто направија толкава врева за сето ова“, изјави Булгучев за новинарите.

Некои извештаи тврдат дека неколку ММА борци биле вклучени во тепачката, меѓу кои Артем Арасов и Никита Солонин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО