ММА судија со давење совлада маж вооружен со месарски нож (ВИДЕО)

Davenje na ulica

Вчера во јавноста се појави драматична снимка од инцидентот кој се случил во септември минатата година. Протагонистите на оваа приказна се еден полицаец, ММА судија и лице со името Дин Едвардс кое го предизвикало од почетокот на конфликтот на улиците на Њујорк.

Се започнало кога еден полицаец по име Рич Фарар му се пришол на 28-годишниот Дин Едвардс кој се однесувал сомнително и со тоа го привлекол вниманието на граѓаните кои ја повикале полицијата. Фарар го опиша Едвардс како вербално- агресивен и подготвен за конфликт и врз основа на тоа се одлучил да го претресе. Тогаш почнува драмата во која Едвардс почнал да се спроивставува, а среде конфликтот на земја му паѓа месарскио нож.

Додека полицаецот се обидувал да го приведе, на помош му прискокнал Енди Хеиг кој со давење од позади го совладува Едвардс. Британските медиуми Хеиг го претставиле како човек кој тренира тајландски бокс и БЏЏ, но и како човек кој работи како ММА судија во Лидс.

„Не можев да гледам како сам се бори со него. Полицаецот сам се обиде да спроведе апсење и јас одличив да му помогнам“”, рече Хеиг за Дејли стар.

Телеграф дополнително стигнал до информацијата дека уапсениот Едвардс е осуден на 30 месеци затвор.

https://youtu.be/ccuDynOI4pw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО