ММА шампион донираше милион долари за храна на сиромашните во време на Ковид-19

Шампионот во лесна категорија во ПФЛ, Емилијано Сорди ја донираше наградата од еден милион долари, освоена на турнирот во организацијата пред една година. Тој одлучи да ги нахрани сиромашните во родната Аргентина за време на пандемијата на Ковид-19. Минатата година 29-годишниот борец заврши пет борци, освојувајќи го златото во категоријата и еден милион.

Наместо да се расфрла со скапи автомобили, тој решава да ги храни сиромашните во Рио Кварто. На подкастот Хаблемос ММА, рече дека ситуацијата е многу лоша во градот и тоа го натерало да ги направи овие огромни донации.

„Она што ми се случи го искористив за да им помогнам на луѓето во мојот град. Живеам во Рио Кварто. Ова е многу мал град. Може да има 180.000 жители. Луѓето беа многу болни. Економијата е лоша. Ситуацијата е многу грда.

За време на карантинот ни беше дозволено да излегуваме неколку пати во текот на неделата. Ќе излезев и со моите пријатели се обидував да им помагам на луѓето. Добивме специјални дозволи, кои општината ни ги даде, а излегувавме два пати или три пати неделно, понекогаш еднаш и делевме храна.

Почнавме да им даваме храна на околу 300 луѓе и стигнавме до точка каде што дадовме храна на 3.000. Значи, не уживав во ниту еден денар од наградата од милион долари. Не купив ништо. Не отидов на одмор. Мислам, ме затворија дома. Но, ги искористив овие ресурси за да им помогнам на луѓето кои минуваа низ тешки времиња“, изјави Сорди.

Сорди е со скор 22-8 во ММА и е во серија од 5 последователни победи. Сите победи ги доби со завршница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО