Дерик Луис: Јас сум кралот на нокаутите

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија Дерик Луис се врати во кафезот. Овој викенд тој е на чело на УФЦ на ЕСПН 18, што ќе се одржи во Лас Вегас. Негов противник ќе биде опасниот Кертис Блејдс. Тоа ќе биде битка на два различни стила и победник ќе биде оној кој ќе успее да го наметне својот стил.

На сите им е јасно дека Дерик ќе бара нокаут, а Блејдс ќе се обиде да го сруши и да го здроби со граунд и паунд. Во еден од неговите медиумски настапи, Картис рече дека Луис е предвидлив борец, а ова очигледно не му се допаѓа на „Црниот ѕвер“.

„Да, јас сум предвидлив борец. Нема проблем, ако мисли така. Не ми е грижа. Повеќето од нив знаат што ќе правам во кафезот. Оваа борба ќе биде моја 21-ва под знамето на УФЦ. Мојата борба и стилот не се променети. Другите пред Блејдс изјавија такви работи за мене. Гледате, јас сум крал на нокаутите.

Ќе видиме овој викенд. Бев предвидлив, добро. И Блејдс ќе го предвидам. Ги гледам неговите борби и верувам дека тој е еден од најдобрите напаѓачи во УФЦ. Ќе се обидам веднаш да го соборам. Не сакам да ме нокаутира и ќе користам борење. Ќе го задржам на партер и ќе заработувам поени.

Верувам дека ако победам, мора да се борам со победникот од битката меѓу Стипе Миочиќ и Френсис Нгану“, рече Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО