ММА борец со ужасна скршеница на раката на КСВ 70 (ВИДЕО)

Страшна повреда го одбележа ММА настанот КСВ 70 во Полска.

Тешката повреда се случи за време на борбата меѓу Томи Квин и Алберт Оџимковски. Тие се бореа во категоријата до 85,5 килограми. Томи многу лошо падна на раката откако беше соборен од Оџимковски.

Неговата рака буквално се сврте назад. Со ова заврши битката која траеше само 2 минути и 56 секунди. Оџимковски победи со технички нокаут и ја прекина серијата порази.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО