ММА борец се бори со алигатор од 3 метри пред основно училиште (ВИДЕО)

Не носат сите херои наметки, како што вели клишето од стрипот. Во овој случај, херој е Мајк Драгич, аматерски MMA борец од Флорида.

Тој стана вистински хит на социјалните мрежи со своето појавување пред едно од основните училишта во Џексонвил, каде се бореше со алигатор од 3 метри кој го остави своето природно живеалиште за да ги загрози животите и здравјето на децата.

33-годишниот спортист е поранешен маринец и моментално е дел од непрофитната организација Project Savior Outdoors, која им помага на ветераните да се справат со посттрауматскиот стрес, депресијата и самоубиствените мисли, ангажирајќи ги во разни настани за општествено корисна работа, како на пр. со безбедно неутрализација на рептилот.

Драгич сам го запрел животното со помош на специјализиран стап со јамка, додека неговите колеги дошле на помош и со пријателски напори го обезбедиле каснувањето на алигаторот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Dragich (@bluecollar_brawler)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON