Младите натпреварувачи на Хва ранг ИТФ освоија четири медали на „Плевен 2023“

Младите таеквондисти на Хва ранг ИТФ освоија 4 медали – 1 златен 1 сребрен и 2 бронзени изминатиов викенд Меѓународниот турнир „Плевен 2023“ во Бугарија за деца до 14 години, на кој имаше само една дисциплина спаринг –борби.

Медалите го освоија:

Миа Танеска на која и  е идол Христијана Парулеска , натпреваруваше во категорија  девојчиња 10-11 години + 50 кг, освојувајќи го првото место, со што покажа дека е доследна на својот идол.

Посебно изненадување на сите присутни на овај натпревар направи Давид Ристески, кој натпреваруваше  во категорија  машки 10-11 години -55 кг. иако најнизок во својата категорија, покажа невидена храброст и пожртвуваност , со што доби овации од цела сала, победувајќи во ¼ финале и ½ финале со технички нокаут, додека во финале загуби од многу повисок противник , со што се закити со сребрен медал.

Стефан Чулчески кој натпреваруваше  во категорија  машки 10-11 години -55 кг, кој беше во иста категорија со Давид Ристески и, беа најниски во категориите, во ½ финале загуби од шампионот во неговата категорија со што се закити со бронзен медал.

Бојана Китаноска натпреваруваше во категорија  девојчиња 10-11 години -30 кг, освојувајќи го третото  место.

На турнирот учествуваа 21 клуб со  околу 300 натпреварувачи. Хва ранг ИТФ настапи со 5натпреварувачи под водство на Давид Крстески , кој е репрезентативец на МТТФ.

„Само да напоменеме дека Бугарската федерација е една од десет најдобри федерации во светот, со што изобилува со врвен квалитет на натпреварувачи. Но, тоа ни дава повеќе мотив да покажеме дека и нашите натпреварувачи  можат да се носат рамо до рамо со најдобрите. Иако бевме скептици за овај натпревар , бидејќи нашите  млади натпреварувачи го немаат искуството  спрема нивната конкуренција, можеме да се пофалиме дека и во нив имаме потенцијални врвни натпреварувачи , што ни приредија пријатно изненадување освојувајќи  4 медали“, велат од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON