Митровски: Задоволен сум од резултатот на репрезентација на ЕП – два сребрени и еден бронзен медал (ФОТО)

Македонската кикбокс репрезентација се врќа од Европското првенство за кадети и јуниори во Истанбул, Турција, со убав успех, освојувајќи три медали – два сребрени и еден бронзен.

Во денешното финале Силвио Мировски загуби од грчкиот натпреварувач Христотс Естадијадис и остана без посакуваниот златен медал, на крај задоволувајќи се со среброто.

„Да напоменам дека и во полуфинале и во финалето Силвио се бореше против двајца светски шампиони. Полуфиналето го заврши со победа, но во финалето беше поразен. Пресудно за поразот беше искуството. Грчкиот натпреварувач наметна чуден стил, кој го збуни Силвио па објективно не го даде својот максимум што резултираше со пораз. Задоволен сум од конечниот резултат на нашата репрезентација – два сребрени и еден бронзен медал, па сигурно по враќање во Македонија дополнително ќе бидат реализирани детални анализи и сумирани сите впечатоци од настапот на најсилното европско натпреварување”, – ни изјави од Истанбул, претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко.

Во текот на вчерашниот ден како што е познато, со сребро се закити Марија Димовска, а бронзен медал освои Туркер Исмаил.

Македонската кикбокс репрезентација предводена од претседателот Дејан Митровски Урко учествуваше со шест кикбоксери на европското првенство. На овој престижен кикбокс натпревар учествуваа дури 1640 натпреварувачи во 2079 натпреварувачки влезови од 38 европски држави.

Резултати ЕП:

-71 кг лоу кик постари јуниори
Силвио Мировски – Гагик Харутјунјан (Ерменија) 3-0
Полуфинале
Силвио Мировски – Урош Крстиќ (Србија) 3-0
Финале
Силвио Мировски – Христотс Естадијадис (Грција) 0-3

+60 кг лоу кик млади јуниори
Марија Димовска –Еданур Аџар (Турција) 3-0
Финале
Марија Димовска – Соња Вуксиќ (Србија) 0-3

-57 кг лоу кик млади јуниори
Туркер Исмаил – Арапогијанис Панталејмон (Грција) 3-0
Полуфинале
Туркер Исмаил – Никита Тертишњи (Украина) 0-3

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО