Митровски: Задоволен од остварениот резултат на моите шампиони од КБК Шампион

Тренерот на КБК Шампион, Дејан Митровски – Урко вели дека неговиот клуб на Првото национално првенство во кик бокс настапил со 33 натпреварувачи, а некои од нив се натпреварувале и во две дисциплини (К1, лоу кик и кик лајт) и освоиле 33 медали – 20 златни, 8 сребрени и 5 бронзени.

„Задоволен од остварениот резултат на моите шампиони од КБК Шампион. Многу работиме со мојот заменик тренер Александар Стевковски на самодовербата на нашите натпреварувачи, како и на техниката, тактиката и кондиционата подготвеност. Додека борецот е во рингот најважна е координацијата меѓу борецот и тренерот,  која во нашиот клуб е на највисоко ниво, а тоа говори и е причина за многуте победи и медали. Сакам да истакнам дека од оправдани причини Бобан Илиовски и Викторија Варадинова не учествуваа на ова Државно првенство, бидејќи Бобан е на припреми надвор од нашата земја, а Викторија беше спречена да настапи поради лични обврски. Исто така, да споменам дека најдобрата јуниорка Миа Тодорова не можеше да настапи во финалната борба во кик лајт поради настанатата повреда на коленото“, рече првиот човек на Шампион, Дејан Митровски – Урко.

Тој истакна дека вршат упис нови членови, но и одржување на приватни тренинзи и може да информираат на [email protected].

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО