Руската промоција за Фајт најт глобал го најави дуелот за следната година меѓу Витали Минаков и Сергеј Харитонов.
Руските тешкаши пред меѓусебната пресметка ќе одработат најмалку по еден меч.
Виталиј Минаков (20-0) на 15 декември ќе се бори против Тони Џонсон (11-3). 31-годишниот Американец има победи над Дерик Луис, Александар Волков, Баге Агаев, Тони Лопез и Тим Силвија.
Според непотврдени информации, Мет Митрион (12-5) во декември треба да се бори против Сергеј Харитонов во Белотор.
„Метахед“ во јуни го нокаутира сонародникот на Харитонов Федор Емелијаененко.