Мислење на шампионот: Џошуа не е подготвен за Кличко, Англичаните ги пренадувуваа своите борци!

Веројатно Дионтеј Вајлдер е сопственик од најимпресивниот соднос меѓу денес активните тешкаши. Зад шампион на ВБЦ се неверојатни 37-0 во текот на кои постигна дури 36 нокаути, но она на што многумина му забележуваат е недостатокот на барем една вистинска борба во која ќе дознаеме колку навистина вреди тој. Во моментите додека ја чека за борбата со Џералд Вашингтон, Вајлдер се  осврна и на мечот на тешкашите со кои еден ден би можел да ги вкрсти ракавиците,оној на Ентони Џошуа и Владимир Кличко.

ВБЦ шампионот е со мислење дека Британецот се уште не е подготвен за искусниот Кличко и за се го обвинува неговиот промотор Еди Херн, но и Англичаните за кои смета дека премногу ги надувува своите борци.

„На Џошуа му е потребно време за развој. Наведете ми една негова борба која би го подготвила за Кличко. Мислам дека Еди Херн тој кој ги сака ваквите борби повеќе од него. Херн заработува опасни износи на овие борци. Добро знае што прави. Кога имате промотор, кој пред вашата следна борба веќе ја има подготвена онаа што следни по неа … дајте луѓе. Момчето едвај има време за пауза и одмор“, го критикуваше Вајлдер познатиот промотор, па се оддаде на прогноза на големата битка која не чека на 29 април на Вембли.

„Срце рече Џошуа, но мозокот е со Кличко. Мислам дека Џошуа не е подготвена за ова, мислам дека не го подготвиле. Да бидеме реални, Англија е позната по пренадувувањето  на своите борци. Таму ве сакаат кога имате 1-0. И тоа ми се допаѓа. Ми се допаѓа што ја имаат таа енергија и што стојат зад своите луѓе. Сакам и Америка да е таква, но, за жал, тие ќе чекаат да стигнете до самиот врв. Среќен сум поради него што ситуацијата е таква. Но со обѕзир дека се бори против Кличко, некој кој е многу искусен, кој се нашол во секоја можна ситуација и во борба со веројатно сите стилови … мислам дека тоа ќе биде многу тешка борба за него.

Нивните стилови многу добро си  одговараат. Кличко е паметен контраш, а Џошуа добро удира иако е млад, но нема флексибилност, а Кличко сака на таквите борци. Единствената причина зошто Тајсон Фјури го победи Кличко лежи во тоа што беше чуден во движењата. Беше агилен, мобилен и непријателски расположен“, заклучи Вајлдер во изјавите кои ги пренесува BoxingScene.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО