ИСФА: Македонија ќе учествува на Светско првенство во ММА и граплинг во Софија

Бугарија ќе биде домаќин на Светското првенство во ММА за аматери и граплинг во организација на ММА промоцијата ИСФА, и тоа за прв пат. Оваа промоција минатата година во Битола организираше Европско првенство.

Отворениот шампионат ќе се одржи на 10 јуни во салата „Арена Армеец“ во Софија. Пријавувањето ќе биде на лице место, а таксата за учество е 30 евра.

Ќе бидат промовирани шампиони во следните категории: 61 кг, 66 кг, 70 кг, 77 кг, 84 кг, 90 кг и над 90 кг. Категориите за граплинг се: 70 кг, 80 кг, 90 кг и над 90 кг.

ММА борбите се во две рунди по 3 минути и екстра рунда при нерешен резултат. Удри во главата во партер и удри со лакот се забранети.

Досега учество потврдиле борци од САД, Бразил, Тајланд, Австралија, Малта, Македонија, Aнглија, Италија, Грција, Турција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Украина, Молдавија. Се очекуваат и други пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО