Мишел Переира го уништи Зелим Имадаев и го предизвика Масвидал (ВИДЕО)

Шоуменот Мишел Переира го заврши Зелим Имадаев во третата рунда на УФЦ Фајт најт 176.

Бразилецот уште еднаш се претстави многу силно и ги воодушеви фановите со атрактивните настапи. Мишел му одржа предавање на Имадаев, кој се обиде да остане во битката, но не успеа.

Во првата рунда Переира со тешки удари неколку пати го повреди Имадаев и успеа да го собори.

Зелим изгледаше премногу бавен за да ги прочита нападите на Мишел, кој се забавуваше во октагонот. Во втората рунда Мишел продолжи да си игра со Имадаев. Бразилецот се обиде со летечко колено, удари од вртење и секакви атрактивни настапи. Переира изгледаше мног брз и му удри неколку шлаканици на Имадаев. Во третата рунда, Переира продолжи да доминира и многу пати имаше повеќе удари од противникот. Мишел го повреди со неколку удари со десницата, но Зелим продолжи да се бори.

Переира повторно му удри шлаканица, а неговиот настап беше воодушевувачки за окото. Кон крајот на рундата Бразилецот му направи суплекс на Имадаев, а потоа го фати од позади и примени зафат за пренос. Имадаев се обиде да се ослободи, но судијата донесе одлука дека тој се предал и ја прекина борбата. Зелим не беше среќен, но не беше важно, затоа што убедливо губеше. Така, Мишел ја прекина серијата од два последователни порази и веќе е со скор 2-2 во УФЦ. Во интервјуто по битката Переира го предизвика Хорхе Масвидал. Имадаев влегува во серија од три последователни порази.

https://www.instagram.com/p/CExtxQapV69/?utm_source=ig_embed

УФЦ Фајт најт 176 – Резултати:
Алистер Оверем – Аугусто Сакаи со ТКО 5, 0:26
Овинс Сент Про – Алонсо Менифилд со КО 2, 4:07
Мишел Переира – Зелим Имадаев со завршница 3, 4:39
Андре Муниз – Бартош Фабински со завршница 1, 2:42
Брајан Келехер – Реј Родригез со завршница 1, 0:39
Вивијан Араухо – Монтана Де Ла Роса со одлука на судиите (30-27 х2, 29-28)
Хантер Азур – Кол Смит со одлука на судиите (29-28 x3)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО