Мис на САД дебитира на боксерскиот ринг (ВИДЕО)

Vitni miler sad mis-boks

Во 2012 година Витни Милер беше крунисана за Мис на САД, но сега поранешниот модел ги сврте плановите за кариерата за 180 степени, насочувајќи се кон боречките спортови. Веќе повеќе време убавицата тренира за боксерското деби.

Милер ќе се бори со Ривер Фулер во перо категорија, а за разлика од неа, противничката веќе има шест мечеви во аматерскиот бокс.

Додека се подготвуваше за своето деби во рингот, Витни целиот процес го документираше на видео материјал, правејќи го јавно преку специјална серија на YouTube. Последното нејзино видео не запознава со она што се случи во мечот во неделата.

Ова е дефинитивно една љубопитна и неочекувана промена на дејноста, која, инаку, ретко може да се види.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО