Мирко Додевски освои сребро на „Баварија опен БЏЏ 2018“

Мирко Додевски (-77 кг) со три победи и тесен пораз на поени во финале се закити со сребрен медал на „Баварија опен БЏЏ 2018“ во Нинберг – Греманија. Сепак битолачни имаат мотив повќе за радост, бидејќи екипата на Паунд фор паунд од Минхен, за која настапуваа македонските БЏЏ борци од битослки Паунд фор паунд, го освои првото место.

„Одлична демонстрација на бразилско џиу џицу на нашиот инструктор, демонстрирајќи повеќе техники, одлична борба во партер и добрата физичка подготовка вродија со резултат на овај голем Германски куп. Огромна благодарност до првиот човек на Минхен ММА, Бендекит Шетофер, без кого немаше да бидеме дел од овај голем настан и секако мајсторот Серхио Канудо Цимерман за добрите совети и одличниот пречек“, вели Сашко Мирчевски – првиот човек на битолскиот клуб.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО