Дана Вајт: Нема да му дозволиме на Хабиб да се бори со Мејведер надвор од кафезот

Вчера непоразената легенда во рингот, Флојд Мејведер, изјави дека ќе се бори со непоразениот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, но само по неговите правила, што значи дека мечот треба да биде само и единствено на боксерскиот ринг. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, сепак, не се согласува и изјави дека нема да дозволи Хабиб да се бори со Флојд надвор кафезот на организацијата.

„Одговорот е не! Флојд Мејведер треба да дојде во УФЦ и да му исклоцаат газот. Ќе направиш многу пари Флојд, но овој пат треба да ти го наплескаат газот. Последен пат се бореше во рингот со Мек Грегор, но сега ќе треба ти да дојдеш кај нас. Веќе гледавме битка со Флојд во рингот. Сега тој треба да дојде. Зошто сака да боксира? Зошто секогаш навива, но само за боксот? Сакаш да се бориш? Сакаш да направиш многу милиони? Дојди кај нас и кога ќе ти го сритаат газот ќе ги направиш“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО