Миочиќ покажа како се подготвува за Оверем: „Само уште една сабота во кампот“

Miocik vleci nesto

УФЦ шампионот во тешка категорија, Стипе Миочиќ, се подготвува за својата прва одбрана на титулата против Алистер Оверем на УФЦ 203 во септември.

Зад Миочиќ е неверојатна година и неколку месеци прославување на титулата за која сонуваше во целата негова кариера. Сега влегува во завршна фаза на подготовките за големиот дуел во Кливленд, на неговиот домашен терен, со легендарниот Оверем. Хрватско-американскиот борец со фановите сподели дел од атмосферата од напорните подготовки.

!Само уште една саботата во тренинг кампот. Не е важно што работиш додека си пред камерите. Ако сакаш да бидеш шампион, мораш да работиш кога те гледаат само твоите тренери и тимот“, напиша Стипе со следната фотографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО