Новиот договор на Роналдо е потврден

Konor mek Gregor i Kristijano Ronaldo

Кристијано Роналдо веќе потпишал нов договор со Реал Мадрид.

Малку чудно ви изгледа што пишуваме за фудбалски трансфер, а сме специјализиран за боречките спортови и вештини.

Сепак, има голема врска, затоа што прв во светот оваа информација ја обелодени Конор Мек Грегор. 27-годишниот шампион на УФЦ во перо категорија може да има проблеми со претставниците на кралскиот клуб. На промотивен настан тој беше прашан дали наскоро ќе го надмине Роналдо по приходите. „Тоа ќе биде тешко, тој потпиша нов договор со Реал, но ќе видиме. Можеби следната година ќе го стигнам“, одговори ММА борецот.

Минатиот месец весникот АС соопшти дека Кристијано ќе потпише до 2020 или 2021 година. Тоа би значело дека португалската ѕвезда со сигурност кариерата ќе ја заврши на „Сантијаго Бернабеу“.

За време на неговиот одмор во САД, Роналдо го посети тренингот на Мек Грегор во Лас Вегас. Притоа направија неколку заеднички фотографии, а пријателските односи меѓу спортистите може да бидат причина Ирецот да има информации за новиот договор на Кристијано.

Роналдо (31 г.) доби подолг одмор по Европското првенство и најверојатно нема да биде подготвен за средбата од првото коло на Примера против Реал Сосиедад следната недела, но се очекува да биде на линија за средбата против Селта, кој е една недела подоцна.

ВИДЕО.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО