Милан Кубин поминува во професионалци и се подготвува со ѕвездите Гегард Мусаси и Антонио Плазибат (ФОТО)

Еден од нашите најдобри кикбоксери, Милан Кубин, своите вештини ги усвовршува во Амстердам, Холандија, во друштво на големи ѕвезди на боречките спортови.

Кубин поминува во професионалните води и е дел од КБК Викинг под водство на поранешниот репрезнтативец Нинослав Саботковски. Тој во Амстердам се подготвува за претстојните кик бокс и мма борби и тоа со елитни борци, Гегард Мусаси – сега дел од Белатор и поранешен првак на УФЦ, како и К-1 првакот Антонио Плазибат и многу други холандски асови.

Да потсетиме дека Милан Кубин е еиднствениот Македонец што успеал да го освоил Бест фатер светскиот Куп во Римини. Прв пат во 2015 година и вториот во 2017-та. Тој е вториот Македонец што успеал да го освои овој престижен Куп, прв што го освоил е Дарко Чатлески од Прилеп и тоа во лоу кик, кога Бест фајт се одржуваше во Пјаченца.

Кубин е освојувач на сребрениот медал од Европското првенство во Лутраки во 2016 година.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО