Мила Рељиќ – „Млад спортист на годината“ на „Асовите бираат асови“

Таеквондо репрезентативката Мила Рељиќ доби уште едно признание за постиганитите резултати во измимнатата 2022 година, беше прогласена за „Млад спорист на годината“ на јубилејното издание на „Асовите бираат асови“ која се одржа во петокотво Свети Николе.

Мила имаше извонредна натпреварувачка сезона, секако највреден е златниот медал на Европското клупско првенство во Талин, Естонија, каде што освои златен медал. Во дебитантскиот настап на Светското првенство во Гвадалахара, Мексико, го освои деветото месо, поминувајќи две кола. Таа обезбеди место на Европските игри во Полска што ќе се одржат годинава.

Мила е на пат да избори норма за Олмписките игри во Париз 2024 година.

Викендов Рељиќ ќе настапи во Софија на „Бугарија Г2 опен“, каде што ќе има повеќе од 32 натпреварувачки во категорија. Следниот викенд патува за Холандија, во Ајндховен, а 18-19 март е во Ломел на „Белгија Г2 опен“. На сите 3 натпревари ќе имаме повеќе 30 натпреварувачки во категорија.

Инаку викендов бевме во Словенија, прво коло беше слободна, во второ коло ја победивме со 2:0 во рунди италијанката Линда Чеки, првата рунда тесно за 1 поен а во втората рунда со 12:0 со супериорност и дадовме и еден нокдаун. А потоа изгубивме 2:0 во рунди од Софија Котби од Белгија од клубот на светската шампионка иако првата рунда ја изгубивме тесно на 1 поен а втората рунда беше 0:0 но судиите одлулија и втората рунда да ја добие белгијката иако беа 2:1 во гласови и според мене бевме оштетени зашто ние доминиравме. Но ние тоа си го знаеме дека мора да ги победуваме противничките со голема разлика да не можат да влијаат судиите. Здравје следни турнири има

Ова се успесите на Мила од ТК Тигри од Скопје под раководство на тренерот Александар Ефтимов:

1.Турција Г2 опен – победа 1 коло, фебруари 2022

2.Европски Президенс куп, Драч, Албанија 2022 – 2 победи – 5 место од 31 натпреварувачка

3.Софија Г2 опен – Март 2022

4.Белгија Г2 опен 30 март – победа 2 кола – 5 место од 36

5.Шведска Г2 опен , 30 април – победа 2 кола 5 место од 32 натпреварувачки

6.Европско сениорско првенство Англија 13-20 мај 2022- немаме учество поради неодобрена виза

7.Австрија опен Г2 29 мај 2022 победа 1 коло

8.Европско мултиевропски игри Г2 5-6 јуни Софија 2022, победа 1 коло

9.Кроација Г2 опен 24-24 јуни, Загреб, Хрватска БРОНЗЕН МЕДАЛ

10.Израел Винерс Г2 опен, 7-8 Август, Рамла, Израел, ЗЛАТЕН МЕДАЛ

11.Европско клупско првенство 22-26 Август, Талин, Естонија – ЗЛАТЕН МЕДАЛ со 4 победи

12.Талин Г2 опен, Талин, Естоника 27-28 август 2022, БРОНЗЕН МЕДАЛ

13.Европско првенство до 21 година, 01-02 октомври, Тирана, Албанија, 5 место

14.Албанија Г2 опен, 3-4 октомври, 5 место

15.Монтенегро Г2 опен, 15-16 октомври, Подгорица, Црна Гора, БРОНЗЕН МЕДАЛ

16.Галеб Г2 опен, 29-30 октомври, Белград Србија, победа 1 коло, 5 место

17.Светско сениорско првенство, 13-20 ноември, Гвадалахара, Мексико, поминати 2 кола, 9 место од 51 натпреварувачка

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО