Мила Крстевска и во Германија освојува медали

Мила Крстевска која зачекори во карате водите со шест години во Металург љубовта спрема овој спорт пред шест месеци ја продолжи и во Греманија. Сега има 9 години и тренира во КК Бушидо од Швенинген, под надзор на тренерот Андреас Хајнрих.

Од првиот натпревар Мила почнуваа да освојува медали во кати и покажа дека во Македонија добро се работи. Со секој настап таа докажува дека е талентирана и се закитува со медал.

„Пред 6 месеци се преселивме во Германија и тука успешната приказна продолжува. Во саботата на регионален натпревар (11.Regio Cup Ost) во Лангенау -Германија, го освои второто место во кати поединечно, во кати екипно го беше прва, а за прв пат се натпреваруваше и во дисциплината борби, односново екипниот дел беа втори“, вели нејзината мајка Елена Крстевска.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON