Мики Ивановски го совлада Тони Микелиќ во главната борба на ГФН во Пула, Мирза Сендиќ ремизираше

Синоќа во Пула се одржа ММА и кик бокс настан Гладијатор фајт најт 2 (ГФН).

Во мечот на вечертаво К-1 до 85 килограми, нашиот Мики Ивановски го порази Хрватот Тони Микелиќ. Мики ја доби борбата со прекин во втората рунда поради исеченица на главата.

Во борбата по К-1 правилата до 83 килограми, Лука Јаман го совлада братот на Мики, Борче Ивановски со прекин во првата рунда.

Јаман со лоу кикови го заврши противникот кој имаше и три броења.

Во одличната ММА борба до 77 килограми Матија Милован ремизираше со штипјанецот Мирза Сендиќ.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО