Мики Ивановски го освои „Љупчо Неделковски“!

Мики и турцнот

Мики Ивановски е прогласен за најдобар кикбоксер на Меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“ што се одржа вечерва во Виница.

Носителот на бронзениот медал од Европското првенство, Мики Ивановски го совлада Огуз Шеќер од Турција во К1 до 81. Тој уште во првата рунда тргна да го реши мечот колку што може побрзо, но неговиот противник, исто така, влезе храбро во борбата. По размена неколку ножни удари, Ивановски го дочека Шеќер со еден жесток удар со рака. Втората рунда беше тактички водена и од двајцата борци, а трета рунда беше тотална размена на разноврсни удари, а попрецизни беа на Ивановски. Публиката, како да се чуваше за оваа борба. На крајот заслужено му припадна победата и пехарот за најдобар кикбоксер.

Мики Виница

ожеше и повеќе и подобро. Од неделата до четвртокот имав висока температура, 39 степени, за да ја симнам примав инјекции. Како што бев подготвен, мислев дека уште во првата рунда ќе ја завршам борбата, изјави Ивановски по мечот.

Ваквата намера на Ивановски беше забележлива, зашто во првата рунда тргна во еден здив, поради што правеше непотребни излети и промашувања, а тоа му ја одземаше енергијата.

Шеќер беше многу добар противник, истакна Ивановски.

За него ова е добар почеток на годината, а наредната проверка е на Светскиот куп во Белград во К-1, како вовед за големите натпреварувања каде што очекува висок пласман.

Stojance i turcinot

Од нашите натпреварувачи загуби само Стојанче Цветковски, кој му ја предаде борбата на Ајкут Тонкал во категоријата до 86 кг во лоу кик поради повреда. Тоа беше возбудлива борба. Цветковски тргна жестоко во првата рунда и за една минута на неговиот противник два пати му броеја. Во втората рунда имаше канонада од удари и на двете страни. Сепак, Тонкал имаше стратегија и задваше само лоу кикови во левата нога на Цветковски, по еден таков удар во третата ја предаде борбата, бидејќи му се обнови старата повреда. Претходно му броеја по еден силен удар на противникот.

Димитар Виница

Димитар Ѓоргиев (81 кг) во лоу кик со Мухамед Јилдиз од Турција водеше динамична борба во сите три рунди и речиси беа изедначени. Победникот го одлучија нијанси, по што Јилдиз не беше задоволен од ваквиот развој на настаните и тоа што Георгиев беше прогласен за победник.

Димса Виница

Македонско-турскиот девомеч заврши во корист на нашиот натпреварувач и во дуелот Александар Димовски-Димса и Фатих Јилдиз до 91 кг во лоу кик. Ова беше најтактичката борба, бидејќи Димовски настапуваше повреден, а Јилдиз беше понизок од него, но располага со разорни директи и крошеа. Неколку прецизни удари на Димса беа пресудни за резултатот на овој меч.

Хадис Рамадани виница

Хадис Рамадани во борбата влезе без оптаварувања и со напад од првата минута на Фазлија Реџепи од Србија (лоу кик, -63,5 кг). Победата на Рамадани не беше доведена во прашање. Исто така и  Бобан Илиоски и Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг) прикажаа извонредно атратиквна борба, која беше во конкуренција за трофејот „Љупчо Неделковски“.

Борбата меѓу Стојановиќ од Србија и Тургут од Турција заврши со победа на Турчинот само за неколку секунди, откако прими еден удар српскиот кикбоксер се пожали на повреда и ја предаде борбата.

Мечот меѓу Виктор Георгиевски-Тургут Косакоја (К1, -86 кг) не се одржа.

Вечерва вредеше да се присуствува на трипартитниот меч во Виница, бидејќи видовме многу атрактивни борби, но и квалитетни борби.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО