Мики Гарсија: Јас ќе се борам со Пакијао, а не Мек Грегор!

Мики Гарсија е категоричен дека Конор Мек Грегор нема да биде следниот противник на Мани Пакијао.

Поранешниот четирикратен шампион Гарсија (40-1) изјави дека ќе биде следниот противник на 41-годишниот Пакјао (62-7-2) во 2021 година.

„Ја видов само пораката на Мек Грегор. Но, не видов никаква потврда од Пакијао”, рече Гарсија и додаде: „Но, јас сум прилично сигурен дека следниот противник на Пакијао не е Мек Грегор.

Следната битка на Мани Пакијао е со мене. Конор ќе мора да чека во ред. Тој може да се бори против Пакијао, но не пред мене и тоа е 100% сигурно“.

Нејасно е дали Мики само зборува и се надева дека Пакијао ќе реши да се сретне со него или има какви било информации за преговорите со филипинската везда.

Сепак, нема смисла Пакијао да претпочита меч со Мики, бидејќи може да заработи многу повеќе пари од борбата со Мек Грегор, Спенс или Крафорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО