Михаела Мишовска триумфираше и на Државното карате првенство за кадети, јуниори и јуниори со 21 година и на Плеј-офот што се одржаа вчера и денеска во Скопје за состав на репрезентација за Европското првенство во Будимпешта, Унгарија.
Каратистката на Тигар 2003 од Беловиште кај Тетово и освои првите места во категоријата до 47 килограми во борби за кадети.