Миа Тодорова дебитираше на СП во мај тај за јуниори, Турчинката Услу подобра (ФОТО)

Нашата претставничка на мај тај Светско првенство за јуниори во Анталија, Турција, Миа Тодорова (63,5 кг) е поразена во првото коло од Рапла Нур Услу од Турција.

„Миа загуби на поени, но стекна искуство и осети реално на овака високо рангирано првенство што значи мај тај борба . Искуството на Турчинката и домашниот терен имаа влијани за нејзината победа. Миа имаше почисти удари, но ова е првпат да учествува надвор од нашата држава во мај тај борба што за неа е нешто ново. Според мене, прикажа дека ја владее мај тај техниката и супер се носеше со Турчинката за време на мечот. По ова, и ние како тренери и таа како борец, знаеме што и фали за да го подобри стилот и техниката за наредната борба во мај тај“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО