Новата фајт-карта на Метаморис навистина е импресивна! Тоа е полна со доста големи имиња, како и претходниот пат, што сепак не е секогаш доволно за спектакуларни натпревари, но дефинитивно е предуслов за интересни судири и високи очекувања од страна на публиката. Ралек Грејс и овој пат не го изневери својот стил и ги собра на едно место многу познати имиња од светот на модерните боречки спортови.
Потврдените средби во оваа фаза се:
Дилан Данис – Џо Лоузон
Александра Рибеиро – Кијнон Корнелиус Кларк
Грејс – Роберто Сатоши
Џеф Монсан vs – победникот од Road To Metamoris Чеел Сонен – Ренато Собрал
Основна средба: Џош Барнет – Роберто “Cyborg” Абреу
Дебитантска борба во организацијата ќе направи и ветеранот на УФЦ, Џо Лоузон. Тој 13 пати добивал бонуси за одлични настапи во УФЦ. Дали сепак ќе успее да го прикаже најдоброто од себе против ученикот на Марсело Гарсија – Дилан Данис?!? Очекуваме тоа да биде една од најдинамичните средби на вечерта.
Роберто Сатоши кој тешко стигна до нерешен резултат на минатото издание против Џејк Шилдс – исто така ММА ветеран и црн појас во БЏЏ под раководство на браќата Дијаз и Цесар Грејс, овој пат ќе се бори против потомок на големиот клан Грејс во ликот на специјалистот по „омоплати како за фотосесија “- Кларк Грејс.
Петкратниот светски шампион и двократен ADCC првак – Александра Рибеиро, пак ,излегува против младиот џиу џицу гениј – Кинен Корнелиус. Дефинитивно ќе видиме дали во овој судир ќе победи искуството или младоста! По втор пат Метаморис го прави настанот во ист ден како и Copa Podio Heavyweight Grandprix. Јавно Ралек Грејс гледа конкуренција во нив и прави сé што може да ги задржи гледачите за себе. Дефинитивно глупава постапка од негова страна, која сигурно нема да доведе до ништо значајно, ниту за спортот, ниту форматот организиран од него.
Инаку датумот е 9 мај и дефинитивно немаме трпение до моментот на највозбудливите средби на највисоко ниво, кои ќе ни ги обезбедат овие борци!