Џон Џонс сака победата над Стипе Миочиќ да „изгледа лесна“

Едно е да се стремите кон победа над Стипе Миочиќ (20-4), а сосема друго е да се надевате на лесна работа. Токму таков е планот на Џон Џонс (27-1) една недела пред неговата пресметка со најголемиот борец во историјата на тешката категорија во УФЦ.

„Една од моите главни цели е да ги направам работите да изгледаат лесни. Ако можам да го постигнам тоа, тогаш љубопитноста ќе ме држи во играта“, рече „Буонс“ во интервјуто за Кетоне- Ај Кју.

Од една страна, таквата доминација над Миочиќ сигурно би покажала дека Џонс ги заслужува сите суперлативи што му ги дава Дана Вајт. Но, од друга страна, постои 42-годишен поранешен шампион кој е надвор од терените три ипол години, а последен пат беше нокаутиран на брутален начин од Френсис Нгану.

Во секој случај, главниот настан за УФЦ 309 во Њујорк има многу прашања на кои допрва треба да се одговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО