Сениорскиот тим на Металург, кој ја претставува Македонија на Европското првенство за региони во Париз, во првата средба ја победи силната репрезентација на Шпанија со 3-0, а во наредното со истиот резултат беше поразена од турскиот состав.
За нашиот тим настапуваат Груевски, Антиќ, Исмаил, Крстевски, браќата Ќосовиќ и Мехемед.
Сениорската екипа ја чека разврската за репасажот, бидејќи Турција е во финалето со Франција.
Додека кадетско-јуниорската екипа беше совладана во второто коло од Турција со 2-0, откако во првото беше слободна, но и тие имаат шанса преку репасажот да дојдат до бронзен медал. Во првата средба е совладана екипата на Франција со 3-0 и претсои мечот со Италија.
За Металург настапуваат: Ацковски, Костиќ, Кузмановски, Несторовски, Спасеновски, Петков и Заборски.
Женската екипа на Макпетрол, кадетско-јуниорска, во второто коло беше подобра од Чешка, победувајќи ги со 2-0, но во наредното коло изгуби со 2-0 од Србија.
Макпетрол настапува во состав: Блажевска, Пендаровска, Костовска и Мојсовска.
ipon.mk/В.Д.