Металург е европски шамипон за региони! (ФОТО)

Металург e европски шампион за региони. Сениорската екипа на Металург во финалето на Европскотио првенство за региони во Приштина, Косово, ја совлада екипата на Акендиз регионот од Турција со 2-0 со победите на Петар Спасеновски и Мартин Несторовски, додека Виктор Крстевски и Семир Ќосовиќ се бореа нершено, а Азиз Исмаил немаше потреба да се бори.

Златениот медал за Металург го извојуваа: Петар Спасеновски, Азиз Исмаил, Виктор Крстевски, Мартин Несторовски, Давид Петков, Семир и Емир Ќосовиќ.

Вчера Металурзите ги совлада екипите на Коосво Б 6-3 и Црна Гора 1 со 2-1.

Косово А и Црна Гора 1 се третопласирани.

Кадетско-јуниорската екипа во борбата за бронзениот медал тесно е поразена од Босна и Херцеговина 2-3. Прехдно славеа против Косово А и Анадолу регионот од Турција со истиот резултат со 3-2, а за влез во финалето беа поразени 2-3 од Мармара регионот од Турција. За кедетско-јуниосркиот тим настапуваа кадетите Давид Саревски, Иво Мишачковски и Един Омерагиќ и јуниорите Филип Несторовски, Роберто Ацковски, Глигор Петков, Усамед Бајрами. Кадетско-јуниорската екипа настапува по системот 3+2, односно 3 јуниори + 2 кадети.

Златниот медал во оваа конкуренција го освои италијанскиот регион Марамара од Турција пред Швајцарија, а вторио бронзен медал е за Бугарија.

Сениоркиот тим-жени на Макпетрол во сениорска конкуренција е поразен со 2-1 од Еге регионот од Турција кој во полуфиналето беше поразен од Црна Гора 1 2-1, така што не и овозможи репасаж на нашата екипа. Кадетско-јнуиорската екипа на Кеикс не се натпреваруваше поради повреда на една од каратистките.

Кај сениорките прва е Швајцарија, па селдат Црна Гора 1, Косово и Еге регионот од Турција, додека кај кадетско-јуниорките женски тимови златото и припадна на Мармара-Турција, Босна и Херцеговина, Еге-Турција и Тузлански кантон.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО