Казуши Сакураба ќе стане дел од Куќата на славните во УФЦ

Легендарниот јапонски борец Казуши Сакураба (Јапонија) ќе биде примен во Куќата на славните во УФЦ.

Заштитниот знак на „Прајд“ веќе има 47 години, а само пред две години повторно беше во рингот. Тој е првиот борец кој успеа да победи со сабмишн носител на црн појас во џиу џицу.

Славата на Сакураба порасна со победите над кланот Грејис. Во историјата влезе и прочуениот меч со најпопуларниот член на бразилското семество – Ројс. По 6 рунди од по 15 минути луѓето на Ројс Грејси ја фрлија белата крпа.

https://youtu.be/y2wGYDY1AOQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО