Официјалното мерење за турнирот на Ризин во отворената категорија е завршено и можеме да кажеме дека се е подготвено за продолжување на турнирот што не чека на 29 декември во јапонската Саитама арена.
За љубителите на овој спорт од регионот најинтересен момент беше оној кога на вагата застанаа Мирко Филиповиќ и Мухамед Лоуел. Кро Кап во оваа прилика со 106 килограми беше потежок девет килограми од Кинг Мо за кого вагата покажа 97 кг.
Најтежок борец на мерењето беше Каеда Баруто Ховелсон со своите 180 килограми.
Ризин Гран при
Мирко Филиповиќ (106) – Мухамед Лоуел (97)
Цујоши Кохсака (101.1) – Каеда Ховелсон (180)
Хит Херинг (124.5) – Амир Алиакбари (116.1)
Валентин Молдавски (102,2) – Шимон Бајор (105.6)
Резервна борба:
Вадим Немков (104.8) – Алисон Висенте (106.3)