Осум македонски борци на МФЦ во Загреб, Борче Талевски во коглавната борба

munja-fajting-chempionship

Од пред неколку дена на позната е листата на борби за првиот настан Муња фајтинг чемпионшип кој ќе се одржи на 21 јануари во салата „Кутија шибица“ во Загреб, Хрватска.

На листата на борби на овој ММА настан и има неколку добро познати имиња, пред се од Хрватска, а потоа и од регионалната боречка сцена. Така, во главната борба во Кутија шибица ќе настапат Матеј Трухан – До коска во пресметката во полусредна категорија до 77 килограми против Роналд Парадисер.

„Коглавениот“ настан ја носи пресметката меѓу Ивица Трушчек и Борче Талевски, исто така во велтер категорија, а од познатите имиња тука се и Матија Блажичевиќ кој во двобојот во лесна категорија (ианку настапува во перолесна категорија) ќе ги вкрсти ракавиците со нашиот Филип Божиновски. Меѓу истакнатите имиња уште се Зоран Џоџ и Плеурат Смајли.

Муња фајтинг чемпионшип 1

Листа на борби:

Станислав Крофак – Немања Радуловиќ 77 кг

Андреј Јуринец -Данијел Аранѓеловиќ 77 кг

Плеурат Смајли – Блажо Дардов 77 кг

Тиго Гилјевиќ – Аце Арсов 93 кг

Рок Крушиќ – Пепо Велков 66 кг

Матија Блажичевиќ – Филип Божиновски 70кг

Лука Чурковиќ – Никола Арсов 77 кг

Филип Гачеша – Марко Малиниќ 84 кг

Иван Ерслан – Мухамед Махмиќ 93кг

Зоран Џоџ – Мирза Сендиќ 77 кг

Дејан Стефановски – Синиша Дамјановиќ 84 кг

Ивица Трушчек – Борче Талевски 77 кг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО