Дејан Богданов: Не можеме мирно да седиме и ништо да не преземаме!

dejan-bogdanov-sam

Во пресрет на утрешното вонредно Собрание на Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ) вечерва се одрж(ув)а сосатнок на иницијаторите.

Sobranie FBSM juni 2016

„Не можеме мирно да седиме и ништо да не преземаме. Се договоривме утре да го одржиме вонредното Собрание. Ги повикавме сите регистрирани клубови да дојдат и да ни дадат поддршка. Како што знам, од 20 екипи, дури 17 претставници ќе дојдат на Собранието. Во првичните договори, постоеше согласност да формираме само колективно тело кое ќе раководи со ФБСМ. Но, таа комбинација отпадна, па утре веројатно ќе избереме нов УО и претседател. Имаме и полна поддршка од Агенцијата за спорт и млади повторно да го заживееме борењето. Верувам дека ќе успееме. Утре повеќе наши членови заинтересирани за борењето ќе патуваат во Скопје, со цел да ја поддржат оваа иницијатива“, рече денеска пред тргнување за Скопје еден од иницијаторите за одржување вонредното Собрание, Дејан Богданов, познатиот борач тренер на Балканец од Штип.

Собранието се одржува во Скопје во хотелот Буши со почеток во 13 часот.

Ipon.mk/К.М.-В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО