АктуелноМеѓународна сценаММА

Мераб Двалишвили: Тешко ми е да се мотивирам за реваншот со О’Мели

Шампионот на УФЦ во бантам категорија, Мераб Двалишвили, призна дека му е тешко да се мотивира за реваншот со Шон О’Мели на УФЦ 316, иако овој пат очекува посилен противник.

„Реваншот е малку чуден. Го победив и претходно и знам дека овој пат ќе биде поопасен. Сè ми проработи во првата борба, но сега не знам каков е неговиот план. Постојано си велам дека морам да бидам погладен од порано“, рече Мераб.

Двалишвили ја доби нивната прва борба убедливо на поени, а сега сака не само да ја одбрани титулата, туку и да ја заврши борбата пред последноит звук на ѕвонче.

„Сакам да го завршам. Шон рече дека ќе биде 70% подобар – сакам да го видам, сакам да го тестирам“.

Мераб не ја потценува својата задача на 6 јули, но веќе размислува за следните борби. Планира да се врати во кафезот уште два пати оваа година – можеби во Мексико, Њујорк или Лас Вегас.

УФЦ 316 се оформува како клучен момент во кариерата на Двалишвили – не само затоа што за прв пат ќе ја брани титула, туку и затоа што би можел да го зацврсти своето име меѓу најактивните и најопасните шампиони во најконкурентната дивизија на УФЦ.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON