АктуелноБорењеДомашна сцена

Ексклузвивно ВИДЕО за грчаката нетрпеливост кон успехот на македонскиот спорт и Македонија на мечот Атлас-Бучим Јака

„По повод немилиот настан, неодржување на финалниот натпревар во ракомет меѓу Алкалоид – Скопје и АЕК- Атина, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со инциниран проблем од грчките навивачи, споделуваме како потсетување еден видео запис од 27.09.1997 година, кога пред 28 години, почна непризнавањето на името Македонија од страна на Грција, и нетрпеливоста меѓу соседните народи и држави“, истакнуваат на Фејсбук страницата на Бучим Јака (тогаш така се именуваше БК Бучим од Радовиш-н.з.).

„Од тогаш до денес имаме проблеми, но и тогаш, покрај провокациите и инцидентите кои ги правеа Грците, македонските спортисти и спортски работници достоинствено настапуваа, се натпреваруваа, победуваа и покрај сите нетрпеливости и отежителни околности, со спортски дух го бранеа македонското име, државност и чест.

Во овој контекст следува видео од Куп на европски шампиони, од Крит, Грција, каде двомеч имаше екипата на БК Бучим Јака – Радовиш, тогашен актуелен европски шампион со екипата на БК Атлас од Атина во борење слободен стил, на кој победи нашиот претставник со резултат 15-1.

Акцентот во видеото го ставаме на инцидентот, кога по завршувањето на официјаните борби и извојуваната убедлива победа на македонските борачи над грчките, тогашниот актуелен претседател на Боречката федерација на Македонија, проф. д-р. Ванчо Чифлиганец, беше нападнат од поединци од управата на клубот затоа што неколку пати го споменуваше името Македонија. Но ниту тоа, ниту сите претходни провоцирања, почнувајки од непуштање на борачите на граница да влезат со македонски обележја во Грција, пренасочување на борбите да се одржат на Крит, наместо во Атина, недозволување да се настапи под македонско знаме и химна итн., сепак не ја наруши нашата спортска чест и достоинство.

Македонците докажаа дека волјата да се одбрани македонското име, чест и државност била, е и ќе биде најјакиот мотив за победа, непокор и успех, како во спортот така и во меѓусоседските односи.

Со надеж дека во спортот главен збор ќе има само чесното натпреварување и нема да има место за инциденти на меѓунационални и други основи, апелираме на брза и фер плеј разврска на ракометниот инцидент.

Спортот ги обединува народите, без разлика дали доаѓаат од големи или мали држави, тоа е безвременското мото на сите спортисти од Македонија“, се наведува на оваа страница.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON