Менаџерот на Усик: Тајсон Фјури се плаши од нас!

Менаџерот на украинскиот боксер, шампионот на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија Александар Усик, Егис Климас, повторно проговори за можната пресметка на неговиот клиент со Тајсон Фјури. Тие би можеле да се борат за крунисување на неприкосновениот шампион во тешка категорија.

Ова е борбата што ја посакуваат сите навивачи. Има шанса да видиме неприкосновен шампион во тешка категорија за прв пат по повеќе од 20 години. За жал, Фјури се повлече од борбата со Усик и го предизвика Ентони Џошуа. Неодамна се шпекулираше дека нивната борба е многу блиску до финализирање за декември.

Џошуа е во серија од 2 порази што му ги нанесе Усик. Штабот на Усик сака борба со Фјури, но тој се плашел и нема да го бркаат.

„Со Фјури ништо не е јасно и никогаш нема да биде. Ја завршува кариерата, а потоа ја продолжува. Сега сака борба со Усик, па Џошуа. Секогаш им прави проблеми на сите, особено кога станува збор за борба.

Тајсон, едноставно, се плаши од Усик, но ние нема да трчаме по него. Фјури има еден појас, ние ги имаме останатите.

Александар сега е подготвен да се бори со победникот од борбата меѓу Дионтеј Вајлдер-Роберт Хелениус“, изјави Усик, за BoxingScene.

Ако Фјури се бори со Џошуа, тогаш Усик ќе се соочи со Вајлдер или Хелениус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON