Конор Мек Грегор: Бидете победници, а не губитници

Конор Мек Грегор шири мудрост на социјалните мрежи.

Поранешниот двократен шампион ги повика своите навивачи да бидат победници, а не губитници. „Озлогласениот“ не советува да му благодариме на Бога за луѓето кои ги гледаат победниците во нас пред да почнеме да жнееме успеси.

Во денешно време такви луѓе се многу малку. Суперѕвездата на УФЦ се подготвува за неговото враќање во кафезот на УФЦ, кое е закажано за 2023 година. Се уште не е познато кој ќе биде неговиот противник, но тешко дека ќе биде сериозен борец во победничка серија.

„Бидете благодарни на луѓето кои зборуваат со победникот во вас пред да почнете да победувате. Бидете таква личност. Победниците ги гледаат победниците.

Губитниците гледаат губитници. Видете победник и бидете еден!“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО