Менаџерот на Усик се сомнева во автентичноста на видеото: Направено е пред три години, носи долна облека како тогаш

Не е тешко да се разбере тимот на Усик и нивните фрустрации со Фјури, бидејќи тој работи на проблеми околу оваа борба повеќе од една година.

Борбата за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик доби нов термин, а судиите брзо реагираа откако беше откажана борбата која требаше да се одржи следната недела. Фјури го пресече Агрон Смакиќи за време на спаринг, па мечот засега нема да го гледаме.

Не е тајна дека многумина се сомневаат во Фјури и велат дека ова е само уште еден начин на кој сакал да го избегне Усик, а секако со тоа ќе се согласат и промоторите на Усик. Александар Красјук, неговиот менаџер, рече дека се сомнева во автентичноста на видеото:

„Го видов тоа видео. Мислам дека тоа видео воопшто не е автентично, исто како и онаа фотографија на која Тајсон е во форма. Луѓето открија дека оваа слика е од пред три години. Јас лично не истражував. Ова е она што луѓето ми го испраќаат на Инстаграм. Има уште една слика од него и промоторот во рингот, носеше исти боксери. Ама поим немам. Можеби Тајсон ги носи истите боксери три или четири години. Кој знае“, изјави Красјук за Бокс њуз.

„Факт е дека не можете да верувате во тоа видео. Самото видео не докажува ништо. Сликата од сечењето го докажува тоа. Но, кога некој ќе ве пресече додека носите шлем, нема шанси да ве исече. Зошто нема крв на ракавицата кога се брише? Има премногу прашања“, додаде тој.

Не е тешко да се разбере тимот на Усик и нивните фрустрации со Фјури бидејќи тој работи на проблеми околу оваа борба повеќе од една година. Отпрвин не можеа да се договорат за парите бидејќи Фјури бараше 70 проценти од хонорарот, а сега повторно откажа. Што да кажам, освен дека се надеваме оти нема да има проблеми во мај.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО