Непоразениот Александар Усик кон крајот на минатата година, по втората победа против Тајсон Фјури, изјави дека сака уште најмалку две борби пред да се пензионира.
Одличниот 38-годишен Украинец ги има титулите на ВБЦ, ВБА и ВБО и сака уште еднаш да се обиде да ги обедини појасите во тешка категорија.
А единствената титула што моментално му недостига е светскиот шампионски појас на ИБФ, кој го држи Британецот Даниел Дубоа, кој минатата година ја одбрани титулата со нокаутирање на Ентони Џошуа.
Менаџерот на Усик, Александар Красјук, неодамна изрази желба неговиот боксер да се бори со Дубоа за ново обединување на титулите, што ќе биде и нивен реванш.
Имено, во август 2023 година, на настан во Вроцлав, Украинецот во деветата рунда го победи Даниел со нокаут и ја одбрани титулата светски шампион.
„Наш приоритет е борбата за апсолутен шампион во тешка категорија. Ако е можно, веднаш ќе го договориме тој меч. Наскоро ќе знаеме многу повеќе“, изјави Александар Красиук.